Министерот за надворешни работи, смета дека ќе биде вратена довербата во Договорот за добрососедство со Бугарија доколку денеска и утре на онлајн средбата македонската и бугарската историска комисија ги доближат ставовите за Гоце Делчев.

Средбата на македонските со бугарските експерти се одржува преку интернет врска во Министерството за надворешни работи, бидејќи како што рече Османи, само таму имало услови за состанокот.

„Мислам дека тоа ќе ја врати довербата дека решението е во договорот, а кога ќе се врати довербата во договорот, се друго ќе биде полесно“, рече министерот Бујар Османи на денешната прес-конференција.

SHARE