Османи: ДУИ е гарант на договорите со Грција и Бугарија

Во изјава за грчкиот весник „Катимерини“, вицепремиерот Бујар османи изјави дека Договорот од Преспа, е „договор за стратешка партнерска врска“ што создава „бесконечни можности за соработка“.

Османи вели дека договорите со Грција и Бугарија и новиот закон за албанскиот јазик се завршена работа и „нема враќање“.

Тој нагласува дека ДУИ ќе биде гарант на „трите договори“, независно која партија да победи на изборите.

Пренесувајќи ги ставовите на Османи, „Катимерини“ наведува дека тој би сакал „да го види раководството на националистичкото ВМРО да ја следи праксата на Мицотакис, обврзано дека ќе го почитува договорот, ако одново дојде на власт“.

SHARE