Вицепремиерот Бујар Османи најави дека ќе се попишуваат како жители на државата и Албанците кои не живеат и со години не влегле во Македонија.

„Доволно ќе биде еден од членовите на неговото семејството, на членот на комисијата да му го приложи матичниот број на лицето кое во моментот не е во Северна Македонија, и тој ќе го провери во електронската база на податоци и на овој начин ќе се регистрира лицето без разлика дали живее овде или не“ изјави Османи вчера во гостувањето на Телевизијата на албански јазик „Клан Македонија“.

Тој потсети дека „во 2011, јаболко на кавга, беше регистрирањето на оние кои не живеат овде кај нас. Ако ви текнува тоа време, решението беше, да се регистрираат сите кои барем во последните дванаесет месеци влегле во Македонија.

Сега ги надминавме сите овие дилеми. Ќе се регистрира секој државјанин независно дали живее овде или живее во странство“, рече Османи.

Тој рече дека пописот во 2020 ќе се користел „комбиниран метод“ на попишување на граѓаните: првично ќе се искористат податоците од сите електронски бази на податоци кои ги имаат институциите, дали Министерство за внатрешни работи, Пензискиот фонд, Здравствениот фонд и други институции.

Потоа тие информации ќе се проверуваат и дополнуваат на терен, по домовите на граѓаните.

„Македонија има издадено околу 2,4 милиони државјанства, што значи има толку лица со матични броеви. Од нив, помалку од два милиони живеат во Македонија“, пишува порталот „Денешен“.

SHARE

5 Коментари

  1. А ќе се попишуваат ли оние во најава-неродените? Ебави пописот. За што ќе ви служи таков попис?

  2. Се се прави за да се зголеми % процентот на Албанци во Македонија и ако по меѓународни права се знае како се води попис на населението…

Comments are closed.