Поранешниот македонски почесен конзул во Аризона, Џејсон Мико, (нај)остро реагира на инспекциската контрола од Бујар Османи на функционирањето на двојазичноста во државните институции, нарекувајќи го вицепремиерот „фирер“.

„Дами и господа, фирерот Бујар Османи од Македонија.

Македонија – и регионот – ќе се подобрат кога тој и неговиот ментор, убиецот Али Ахмети, ќе заминат, заедно со целиот сој од ДУИ“, напиша Мико на Твитер.

Дел од останатите коментари на Твитер:

„Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во саботата објавил видео како ги проверува двојазичните табли на институциите во Скопје. И кога ги вработуваа Албанците во институции исто се проверуваше дали знаат македонски јазик“ Тетка Ики@Tetkicai

„Министерот Бујар во контрола на двојазични табли, глуми инспектор. Инспекторот Илиевски, кој откри фалш дипломи на сељаци ко Бујар е деградиран. Тоа ви е опшеството за кое се борефте“ БаБаРоГ ///////////@LepceSoSalamce

„Ајдее, вицепремиерот Бујар Османи во инспекциска контрола кај трговците во Чаир! Проверувал дали се почитуваат законите, дали се издаваат фискални сметки“ Мартиан@MartianFromMKD

„Еве го амнестираниот од Заев и Катица, откако нè внесе во ЕУ со Албанија заедно, сега е инспектор за спроведување на двојазичност. Што Груевски?! Lina Lu@Linalu123Lu

„А да му се јави Бујар на градоначалникот на Зајас, Бесим Велиу, и да го праша зошто не го почитува законот за знамиња и кога ќе го тргне огромното што се вее од туѓа држава?“ Маче| @Vlatko100janosk

„Бујар Османи е осомничен во случајот ‘Пациент’, @VladaMK каков ви е планот за менување?“ Мартиан@MartianFromMKD