Османи не верува дека ќе биде блокиран датумот за преговори со ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања не гледа аргументи со кои земјите членки би можеле да го блокираат или одложат датумот за преговори со Македонија во јуни, јави дописничката на МИА од Брисел.

Според него „ќе биде тешко да се изнајдат аргументи да се блокира земјата откако го постигна историскиот договор со Грција и испорача сѐ што се бараше од неа“ во контекст на реформскиот процес и трите услови поставени лани на Советот за општи работи за старт на преговорите оваа година.

Османи дели дека доколку одлуката во јуни биде негативна, последиците би биле „катастрофални“ како на внатрешен план, така и во рамки на регионот.

„Со години им велиме на граѓаните дека името е прашањето поради кое се блокира. Доколку нема преговори, ќе има обесхрабрување за реформите“, истакна Османи.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.