Важно одлуката за отпочнување на преговорите со ЕУ да биде донесена на самитот во март, пред изборите , како признание за напорите на Владата, оценува вицепремиерот Бујар Османи во интервју за Агенција Европа.

„Да не се донесе одлука би било најголемото можно мешање во изборите, затоа што за време на овој мандат, преземавме политички ризик и ја втемеливме таа одлука врз ветувањето на ЕУ. Им рековме на нашите сограѓани, во референдумското прашање дека имаме договор со ЕУ: Ако ние го исполниме нашето ветување, ЕУ ќе го исполни своето. Ако ЕУ не го стори тоа за време на овој мандат, ова ќе биде најголема интервенција во изборите и ќе има огромни последици“, предупредува вицепремиерот задолжен за европски прашања.

SHARE