Вицепремиерот и шеф на владиниот кризен штаб за справување со корона вирусот, Бујар Османи, во вечерашната Топ Тема изјави дека е тешко да се зборува за избори во оваа ситуација, дека јавноста е зачудена, но како што образложи, ние сме единствена држава која нема функционален парламент:

„Ставот ние го кажавме, нема друг датум освен 5 јули во овој период што доаѓа. Такви се роковите, и законски и логични и какви било. Јас очекувам дека ќе постигнеме договор за 5 јули, за да ги вратиме институциите.

Меѓутоа кога би ставил пак „на вага“ еден да заболи од изборниот процес, па макар и асимптоматски да биде, дали вреди сето тоа. Така што еве во овие две недели да ги следиме трендовите“, изјави Османи во „Топ Тем“ на телевизија Телма.

SHARE