Османи: Немаме договор со никој за влада

Бујар Османи за ТВ 21 ги демантира информацииte дека има договор меѓу ДУИ и СДСМ за влада и уверува дека изворот на таа вест која беше лиферувана вчера во медиумите не потекнува од неговата партија..

„Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ, но нема никаков договор и со СДСМ“ вели Османи.

Претходно, од СДСМ објавија дека имаат обезбедено мнозинство за нова влада, па, со оглед на ваквата изјава од Османи, се поставува прашањето дали социјалдемократите обезбедиле мнозинство со другите албански партии, пишува Фокус.


SHARE