Османи очекува „крешчендо“ на руско влијание против референдумот

„Русија јавно изјави дека е против Македонија да се приклучи на НАТО, така што ќе сторат сé што е потребно за да се спречи овој процес“, вели Бујар Османи, Очекувам „крешчендо на нивното влијание тука како што се приближуваме до денот на референдумот“, ги пренесува Bloomberg зборовите на вице-премиерот во напис посветен на референдумот во недела.

Владин претставник изјави дека сите руски напори за влијание врз гласањето се ограничени на социјалните медиуми, иако Османи вели дека нема докази дека Москва е вклучена.

Трансатлантската комисија за изборен интегритет (Transatlantic Commission on Election Integrity), група основана годинава која ги следи гласањата, во извештајот во средата објави дека автоматски сметки на „Твитер“ ги поддржуваат напорите за спречување на одѕивот на референдумот.

Истражувањето што го објави Институтот за демократија на 10 септември покажа дека повеќе од две третини ќе го поддржат договорот со излезност од  58 отсто.

Постои, пишува „Bloomberg“ цврста поддршка меѓу етничките Албанци во земјата, кои сочинуваат околу 25 отсто од 2 милиони жители и се силни поддржувачи на пристапувањето во НАТО.

Ризикот е дека нискиот одѕив кај словенското мнозинство во земјата може да остави „некое горчливо чувство“ за договорот за името, рече Османи. Претседателот Ѓорге Иванов, кој е поддржан од опозициската партија, рече дека нема да гласа на референдумот. Тој се обиде да го блокира договорот во јуни и рече дека го загрозува „националниот идентитет на земјата“.