Османи предизвикал скандал во Венецијанската комисија, добил писмо од Евроинституцијата

Заканите на вицепремиерот Османи дека нема да го испрати законот за јазици во Венецијанската Комисија се додека таму македонски претставник е професорката Тања Каракамишева, предизвикал огромен скандал во телото на Европската Унија која дава оценка за закони.

По заканите од Османи Венецијанската комисија испратила писмо до кабинетите на Османи и премиерот Заев во кое протестира за владиниот притисок врз Каракамишева.

“Само што добив инфо од генералниот секретар на Венецијанската комисија дека согласно правилата на Комисијата владин притисок врз национален претставник НЕ Е ДОЗВОЛЕН и дека писмото е веќе доставено до кабинетот на Османи и на Заев”, вели за случајот професорката Каракамишева според која “да имаше слободно новинарство јавноста веќе ќе беше информирана”.

Вицепремиерот Османи е главен македонски преговарач со ЕУ кој очигледно не ги познава принципите на работа на европските институции како што е Венецијанската Комисија.