Вицепремиерот Бујар Османи смета дека нема смисла да се испраќа Законот за јазиците на оценка во Венецијанската комисија, додека таму претставник на Македонија е професорката Тања Каракамишева.

Според Османи, тоа е пречка бидејќи Каракамишева влијаела на другите членови и тие не можеле објективно да одлучуваат за одредбите на Законот.

Каракамишева реагираше  и на Фејбук му се заблагодари на Османи „што си го покажал вистинското лице“ и го информираше дека „тој ‘деструктивен елемент’ кој Вие сакате да го тргнете од Комисијата е професор по Уставно право и политички систем кој нема да можете да го повлечете до 2020 година додека му трае мандатот.

Правилата на употреба на малцинските јазици во државите, г-дине Османи, не зависат од професор Каракамишева, ниту пак зависат од Вас, за целата среќа.

Тие правила мора да бидат во согласност со меѓународните и европските документи за правото и опсегот на употреба на истите во државите“ пишува Каракамишева која најави дека за „срамниот коментар“ на вицепремиерот, ќе ги информира претседателот, генералниот секретар и сите членови на Венецијанската комисија.

SHARE

Оставете коментар