Османи: „Топењето“ на Беса во СДСМ е на штета на Албанците!

Бујар Османи, портпарол на ДУИ и вицепремиер во владата оценува дека коалицијата на СДСМ и Беса значи дефакторизирање на важноста на албанските гласови.

„Овој сојуз или ова ‘топење’ на Беса во СДСМ е на штета на албанските интереси, бидејќи се дефакторизира важноста на албанските гласови. Со тој сојуз се дефакторизира важноста на албанските гласови, но пред се, улогата на Охридскиот договор и бадентеровиот механизам за заштитата на албанските интереси“, оценува Османи.

Вицепремиерот вели дека тој и неговата партија се разочарани поради фактот што двете партии денеска постигнале нивна унификација заради, како што рече, мали лични и групни интереси.