„Не назначуваме техничко лице туку поранешен премиер кој во минатиот период има остварено значаен придонес во подобрувањето на односите меѓу двете земји и е добар познавач на состојбата“ изјави денеска министерот Бујар Османи наведувајќи ги причините зошто екс премиерот Владо Бучковски е именуван за специјален преставник за спорот со Бугарија. .

„Со неговото пополнување се пополнува и дипломатската празнина бидејќи во моментов немаме таму назначено амбасадор на Македонија“, рече Османи.

Според Османи именувањето на Бучковски може да биде дополнителен импулс и механизам во враќањето на довербата во Софија дека нашата владата е посветена на надминување на разликите што постојат.

Тој не ги коментираше ставовите на опозицијата за кредибилноста на Бучковски како специјален преставник за Бугарија  туку само рече дека тој е „сериозна додадена вредност“ во враќањето на довебата во процесот.


SHARE