Османи во видео-инспекција на инвестициите од ИПА-фондовите

Вицепремиерот Бујар Османи на „Фејсбук“ повторно објави видео материјал, пропратен со превод на македонски, на кој се гледа дека е повторно во инспекција.

Како прв човек на Секретаријатот за европски прашања тој контролираше како се инвестираат парите од ИПА-фондовите.

Попреизно, инвестициите на потегот кон граничниот премин Ќафасан во околината на Струга а попатно му се јави на Ирфан Бучи, заменик-директорот на Царинската управа, и на министерот за економија, Крешник Бектеши.

Во септември тој објави видео од инспекцијатакако се спроведува Законот за употреба на јазиците и дали се применува на таблите на институциите.

SHARE