Османи: Законот за јазици нема да се чепка


Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи има спротивен став од премиерот и министерката за правда дека сите препораки од Венецијанската комисија околу законот за јазици ќебидат имплементирани .

Законот за јазици нема да се чепка, какви и да бидат конечните забелешки од Венецијанската Комисија, рече Османи во гостување на ТВ Алфа.

Тој остави можност да има измени но „само со консензус“.

Венецијанската комисија забележува дека, „во одредени области законот оди премногу далеку наметнувајќи нереални правни обврски на јавните институции. Ова е особено случајот со одредбите со кои се предвидува употреба на албанскиот јазик во судските постапки …Под сегашни околности, доколку се применува целосно законот, тој значително ќе го забави функционирањето на целиот судски систем, со што ќе се доведе во опасност сериозно нарушување на правото на фер судење загарантирано со Европската конвенција за човекови права.“, стои во забелешките.

Комисијата е децидна дека целиот закон е неприменлив, скап и надвор од европските практики. Комисијата предлага клучните членови да претрпат драстични измени, но и детално да се преиспита причината поради која е сменет законот од 2008 година.

SHARE