Дејан Давидовски(39) баран со меѓународна потерница заупадот во собранието на 27 април бил уапсен на аеродром во Стокхолм.

Извори на Телма велат дека Давидовски бил фатен на 7-ми април годинава на пасошката контрола на летот од Софија до Стокхолм, со бугарски пасош и, негирал дека е поврзан со настаните од Собранието.

Шведските обвинители сепак му одредиле притвор поради опасност од бегство. И министерството за правда е известено и ќе постапува по барањето за екстрадиција.

Извор: Телма

SHARE