Оставка на американскиот министер што го пречекавме со метла

Се оствари најавата на американскиот претседател Трамп дека неговиот министер за одбрана Џејмс “Мед Дог” Матис ќе замине од својата функција.

На 13 октомври Доналд Трамп најави дека Џејмс Матис, кој е пензиониран генерал може да поднесе оставка.

Во оставката Матис ниту еднаш не го споменува Трамп и меѓу редови изразува незадоволство од политиката на САД за градење алијанси со автократските држави Русија и Кина на сметка на сојузниците на САД и на демократските вредности.

Македонската јавност Матис го запомни по неговиот пречек во Скопје кога на аеродромот по гафот на владиниот протокол беше дочекан од војник со метла.