Оставки во Кипар по откривањето на серискиот убиец

Министерот за правда на Кипар, Јонас Николау денеска поднесе оставка по средбата со претседателот Никос Анастасиадис.

За утре оставка најави и началникот на полицијата на Кипар.

Оставките доаѓаат по откривањето на серискиот убиец, офицерот Никос Метаксас, кој призна убиство на десетина жени и девојчиња.

Властите стравуваат дека бројот на неговите жртви би можел да достигне цифра од дури 30 жени. Сите жртви биле странски државјанки.

SHARE