Осудени од Диво Насеље сакале со струја да убијат чувари во Идризово

Комбинација од среќа и присебност спасила чувари во затворот Идризово од струен удар и можна смрт за време на инцидентот што се случил пред дваесетика дена за време на протест за затворениците кои барале и тие да бидат опфатени со законот за амнестија.

Во инцидентот обвинети за убиството на 8 македонски полицајци во Кумановските настани со помош на струја се обиделе да нападнат затворски чувари во својата ќелија, тврдат извори од затворот Идризово за expres.mk.

Во моментот кога чуварите влегувале во една од ќелиите каде што се сместени осуденици од Диво Насеље еден затвореник истурил кофа полна со вода а друг искинал кабли поврзани на електричната инсталација и го допрел влажниот под од ќелијата која требало да биде проводник за струјата до чуварите.

Само секунди и сантиметри ги делело чуварите од струен удар и извесна смрт, за среќа тие навреме се повлекле и спасиле жива глава по што со интервенција на затворската чуварска служба опасноста била одстранета.

Изворите на expres.mk немаат информација дали против осудениците се поднесени допоонителни тужби. Тие и онака се осудени на доживотна казна затвор.

Покрај ниските плати и тешките услови за работа на затворските чувари во Идризово ситуацијата е дополнително влошена откако половина од осудениците од Диво Насеље се донесени во овој затвор.

Од пред еден месец поради опасност од напад од другари и роднини на убијците од Диво Насеље пред затворот патролира оклопно борбено возило а за општата безбедност околу затворот се грижат специјалци на МВР.

Специјалци и оклопно возило го чуваат затворот Идризово од напад однадвор?

SHARE

1 Коментар

  1. […] Во инцидентот обвинети за убиството на 8 македонски полицајци во Кумановските настани со помош на струја се обиделе да нападнат затворски чувари во својата ќелија, тврдат извори од затворот Идризово за expres.mk. […]

Comments are closed.