Осум од 10 Грци не ѝ веруваат на ЕУ

Според истражувањето на Евробарометар објавено вчера, осум од 10 Грци (79 проценти) сметаат дека нивниот глас не се слуша во Европската унија.

Ова е спротивно на општото чувство на Континентот, како што 49 отсто од Европејците велат дека веруваат дека нивниот глас се слуша.

Граѓаните на Данска (73 проценти), Шведска (71 процент) и Германија (70 проценти) водат во оваа категорија.

Истражувањето покажа дека 43 отсто од Европејците имаат позитивно мислење заа ЕУ – највисоко ниво од есента 2009 година.

SHARE

1 Коментар

  1. Глупави Данци, Швеѓани и Германци. Затоа државите им се сиромашни и така несредени. Глупави.

Comments are closed.