Осум починаа, 163 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 од 1.794 тестирања. Најмногу новозасразени – 87 и натаму има во Скопје.

Во другите градови ситуацијата со нови случаи е сладна: Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-3, Ресен-5.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 59 години. На Клиника за токсикологија е почината пациентка на 79 години, кај која присуството на вирусот е потврдено постмортем.

Во ГОБ „8 септември“ починати се четворица пациенти на возраст 58, 61,62 и 66 години.

Во ОБ Тетово почина пациент на 53 години. Во Филип Втори (Жан Митрев) е починат пациент од Дебар на 52 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.406,  бројката на оздравени пациенти е 3.554, на починати е 359.

SHARE