Осум починати и 199 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа во Македонија

Нови осуммина починати и уште 199 нови случаи на Ковид-19 е билансот од битката со коронавирусот во Македонија во последното деноноќие, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Четири пациенти од Тетово, двајца од Струга и по еден од Скопје и од Штип се најновите жртви, со што бројот на починати од почетокот на епидемијата во земјава се искачи на 376.

Со новозаразените, пак, од кои 90 во Скопје, 24 во Свети Николе, 17 во Куманово, по 12 во Тетово и во Струга итн., вкупниот број на Ковид дијагностицирани во државава достигна 7.975.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 120 оздравени лица, со кои досегашниот број е 4.080, а тој на активни случаи е 3.519.

SHARE