Откако бил снимен како мете ѓубре, а потоа го фрла во Вардар, работник на Комунална хигиена добил отказ.

„Станува збор за работник ангажиран во Одделението за одржување на јавната чистота, кој сторил тежок дисциплински прекршок, притоа сериозно нарушувајќи го угледот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје. Од овие причини беше донесена одлука денеска 10.06.2019 година, ова лице да биде отстрането од работното место“, се наведува во соопштението од ЈП.

Видеото вчера беше споделувано на социјалните мрежи.

SHARE