Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски,  побара да се повлечат од работните места сите роднини на функционери, не само од власта туку и од опозицијата.

На прес-конференција денеска тој соопшти дека до Комисијата за спречување на корупција е доставен список од илјадници имиња на блиски и роднини кои биле своевремено вработени од опозицијата.

Антикорупциската комисија, отвори 18 предмети за вработени блиски од своите семејства на пратеници, министри, директори и градоначалници во други државни институции.

Манчевски вели дека сега треба да се расчисти со непотизмот и на претходната власт, иако таа е во опозиција веќе година и половина. 

SHARE