Отказ за службеникот од општина Бутел кој пцуеше Албанци

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, објави дека е раскинат договорот за работа со вработениот во локалната самоуправа кој на социјалните мрежи упати пцовки на адреса на Албанци.

„Во однос на вчерашниот немил случај со вработениот во Општина Бутел, Ве информирам дека од денеска неговиот работен ангажман кој беше регулиран со договор е прекинат и истиот не е повеќе вработен во општина Бутел.
Истовремено сакам да Ве информирам дека со неговото размислување, за жал во прашање е ставено и нашето пријателство.
Уште еднаш повторувам, неговите ставови не се мои ставови…
Апелирам до сите граѓани, до СИТЕ ВАС, размислувајте трезвено. Да не дозволиме вакви изолирани случаи да ни го нарушат соживотот и пријателството. На некој тоа му одговара и го прави со цел на штета на сите нас“, објави Смилевски.

SHARE