Емил Јакимовски, вработен во Централен регистар преку Интернет се заканувал на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, како и кон директорката на Централниот регистар доби отказ, дознава Телма..

Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски донесе Решение за престанок на работниот однос поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор на Централниот регистар.

Поради нарушување на работниот ред и дисциплина, како и закани кон вработени во оваа институција против Јакимовски е отворена дисциплинска постапка, но оти нема одлука бидејќи тој веќе неколку месеци е на боледување.

Во изминатиот период во МВР имало повеќе пријави од вработени во Централниот регистар поради закани од Јакимовски, а пријава поднела и директорката на Централен регистар, Марија Бошковска Јанковски.

SHARE