Откажан е собирот за Бајрам што требаше да се случи в недела

Верскиот собир во организација на верски активисти блиски на една политичка партија по повод Рамазан – Бајрам кој требаше да се одржи на стадионот во Чаир е откажан, пренесуваат медиуми на албански јазик.

Официјално не се открива која е причината за одложување на овој настан: дали причината е апелот на ИВЗ поради корона кризата или пак најавата на владата дека ќе биде воведен 56 часовен полтициски час од сабота во 19 часот до вторник во 5 изутрина.

Одлуката на владата за забраната за движење по два дена размислување треба да биде донесена денеска.

SHARE