Откри ли Груевски закани од Катица Јанева кон Заев и кој е Фрики?

Во најновиот статус на екс премиерот Никола Груевски за упатените најпрецизно се открива кој е ликот со кодно име Фрики но уште поинтересно е што тој открива и уцени и закани за Заев.

Според едната теза на Груевски, Заев е цел на уцени од Катица Јанева да биде кај Боки 13 односно во притвор, а според другата Заев има мака со закани од сопругот на Фрики кого го лоцира во УБК.

Во актуелниот систем на власта има многу малку високи функционери кои имаат сопрузи или сопруги на високи позиции во управата за безбедност и контраразузнавање.

Во статусот Груевски одговара на коментарите за него дадени предходно и му сугерира на Заев како да се спаси од ситуацијата.

…она кога донесен на позиција со задача, со задоцнување кое трае многу подолго од мајтапот на “Порошенко” ќе почне да капира дека паѓа од власт, па паниката ја прикрива со обид пред камерите да биде вицкаст, а гневот и омразата ја изразува преку експресно активирање на нови незаконски и наменски креирани обвиненија лансирани преку судот, диктирање соопштенија кои ги пушта партијата и изјави на портпаролот…

Јас ќе “пливам” некако, а ти “уживај” во сопственото тонење после рекетот, крадењето и предавстсвата, заедно со оној градоначалникот полн со “млеко”…

Еве ако сакаш да ти помогнам за следното соопштение, обвини ме дека јас, а не ти сум кроел стратегии и организација за систематски државно организиран рекет со милионски суми во канцеларија заедно со Боки, и дека Кики и Фрики биле функционери на ВМРО, а не на СДСМ.

Кажи дека “специјалната” јас ја подучив како предупредувачки да те скочани и замисли да не се најдеш кај Боки пред неа.

Кажи и дека оној на Фрики во УБК јас сум го врбувал за да те потсети на некои работи, а дека Кики кој ти беше маша за партиски вработувања и рекет всушност цело време бил навигиран од мене.