Откриена намерата на бугарската комисија за Делчев и Македонците

За прв пат дел од бугарските членови на историската комисија со Македонија откриваат што е целта на официјална Софија за статусот на Гоце Делчев.

„Гоце Делчев е едновремено и Македонец, и Бугарин – тој е Македонец во регионална смисла и Бугарин во етничка смисла”, изјавил пред неколку дена за бугарските медиуми заменик претседателот на мешовитата македонско – бугарска комисија за историски и образовни прашања професор Наум Кајчев.

Оваа позиција на бугарската влада се брани на средбите со македонските членови на комисијата.

Се разбира Кајчев за бугарските медиуми не открива дека замката со ваквата формулација за Делчев е во прикажувањето на македонскиот идентитет не како етнички, национален туку како регионален при што сите Македонци би биле прикажани како Бугари со македонска регионална припадност.

Оваа бугарска позиција за која во Македонија никој не зборува јавно е едно од прашањата за која комисијата води дискусија, откриваат бугарските медиуми.

SHARE