Откако вчера на албанската телевизија „Топ Ченел“ беше објавена снимка  во која се тврди дека заменик министерот за здравство Асим Муса, бара мито, тој си поднесе оставка.

Но, се пожали дека снимката била „стапица“ и ги обвини медиумите за „дивеење и жед за спектакл“.

„Ова е стапица намерно направена да наштети на мојот углед и чест.

Повеќе од 20 години служам на граѓаните и на општеството чесно. На снимката зборуваме за интервенцијата за странски пациент кои не е осигуран и кој се оперира приватно кај нас. Јас го кажувам  можниот износ на интервенцијата за овие пацинети, но тие ми приредија стапица“ рече Муса.

Муса е заемник министер година и половина. Претходно три години  беше директор на  општата болница во Струга и на болницата за нефрологија.