Овчаров: Бугарија да заземе поцврст став кон Македонија!?

Заедничката комисија меѓу Бугарија и Северна Македонија за спорните историски прашања мора да продолжи да работи, но бугарскјата позиција мора да се зајакне, вели бугарскиот професор Николај Овчаров за бугарското национално радио (БНТ).

Професорот и археолог, на балканската јавност познат и по тврдењето дека Дракула имал резиденција во Бугарија, бара од тамошната влада и лично премиерот Бојко Борисов да демонстрираат цврст став кон Македонија.
„Ако ги изгубиме црвените линии за кои зборуваме, ќе изгубиме сè. Ја губиме Македонија. Дали знаете колку Бугари загинале за оваа Македонија?“, изјавил Овчаров како што пренесуваат бугарски медиуми.
Според него, смешно е веќе половина година комисијата да не работи пооради изборите во Македонија.
Професорот вели дека Бугарија мора да се спротивстави на крадењето на нејзината историја, а тоа да не биде сфатено како кавга со соседот.

SHARE