Пацоли го чека Морина во Косово

Шефот на косовската дипломатија, Беџет Пацоли, е среќен од одлуката на Кривичниот суд во Скопје и очекува поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина, наскоро да биде пуштен од притвор и да се врати во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Пацоли на Фејсбук ирази задоволство поради вчерашната одлука на надлежниот суд во Северна Македонија да го одбие барањето на Србија за екстрадиција на Морина.

„Среќен сум што Томор Морина ја доби првата битка на судството во с.Македонија за одбивање на српската одлука за екстрадиција. Ние веруваме силно во професионалната работа на властите во Северна Македонија и во пријателските врски меѓу нашите две земји. Многу бргу тој ќе се врати дома, кај своето семејство и пријателите и ги повикувам сите да бидат трпеливи“. – напиша Пацоли.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје вчера оцени дека не се исполнети условите за екстрадиција на Морина кој останува во притвор додека не се изјасни Врховниот суд на Македонија.

SHARE