Вработените во основното, средното и високото образование ќе го добијат новото покачување на платите од 10 проценти од 1 јануари 2020 година.

Ова е договорено на денешната средба во Министерството за образование и наука помеѓу ресорниот министер Арбер Адеми и претставниците од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) предводени од нивниот претседател Јаким Неделков.

Според министерот Адеми изјави дека ова е историски момент затоа што ова е трето покачување по оние што наставниците ги добија минатиот и овој септември од по пет проценти.

За поместувањето на исплатата за три месеци, во јануари наместо во април како што беше претходно предложено, во Буџетот ќе бидат одвоени дополнителни 1,4 милијарда денари.

Адеми рече дека наставниците заслужуваат повисоки плати и дека секогаш МОН ќе биде на нивна страна, но дека засега се тие можностите.

SHARE