Падна „седумката“ на Лото вредна половина милион евра

Во синоќешното извлекување на Канал 5, падна долгоочекуваната 7-ка, која носи досега највисока премија.

Ливчето е уплатено во Алек Табак Битола 1, но засега не е познат идентитетот на добитникот, кој ќе добие 31 милион денари, или околу 500.000 евра.

Следното коло, се ресетира сумата и играчите ќе се борат за 7 милиони денари.