Падна владата на Орбан!

Романските пратеници денеска ја соборија центристичката малцинска влада на премиерот Лудовиќ Орбан, зголемувајќи ја можноста за предвремени избори во земјата-членка на ЕУ.

Орбан, останува привремен премиер.

Парламентарното гласање за недоверба дојде по само три месеци од владата на Орбан.

  Вкупно 261 од 465 пратеници гласаа за предлогот да се гласа за недоверба.

„Владата на Орбан падна. Тоа е многу голем чекор за романската демократија“, рече Марсел Чилаку, лидер на опозициските социјалдемократи (ПСД), кои бара неговото соборување уште од моментот коха Националната либерална партија на Орбан (ПНЛ) ја презема власта.

Гласањето уследи по обидот на Орбан да го промени законот за локалните избори.

SHARE