„Н.М.“: Европејците сè повеќе се сомневаат во иднината на ЕУ, немаат доверба во европскиот проект!
Анкета спроведена во шест земји членки на ЕУ истакнува криза на довербата во европскиот блок и пад на таа доверба кај мнозинството од испитаниците. Дури 74 отсто од европските граѓаните веруваат дека Европа се мачи, за да се справи со предизвиците со кои се соочува, при што нејзината бавност и бирократија честопати се сметаат виновни за таквата состојба. За 56 отсто од испитаните граѓани, иднината на ЕУ е „во опасност“. Ова се констатира во анализата со наслов „ Европејците сè повеќе се сомневаат во иднината на ЕУ“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.