Димитрија Чуповски, народниот трибун и градител на македонската национална самосвест – 86 години од смртта (2)
На 29 октомври 1940 година во Ленинград, во Русија ги склопи засекогаш будните и неуморни очи Димитрија Чуповски, најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор на македонската национална мисла и акција, македонскиот општественик, револуционер, политичар и дипломат, публицист и поет, истражувач на македонското минато и култура, картограф на етничка Македонија. Денес се навршуваат 86 години од неговата смрт. Тој остави зад себе богато научно, публицистичко и национално наследство.