Пак одложен почетокот на седницата за амандманите

Првично закажаната седница која требаше да започне во 12 часот денеска и на која требаше да се гласа за уставните измени, е закажана за 15 часот.

Ова е трето одложување во три дена, а причината и овој пат се преговорите меѓу лидерот на Беса Биљал Касами и премиерот Зоран Заев околу барањето на оваа партија во делот на државјанството да се избрише „македонско“ за Албанците од формулацијата за државјанството „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“, дознава порталот СДК.

SHARE

2 Коментари

  1. Непријателите на Македонија, Мицкоски и Бачев, добија појачување. Им се приклучи Касами. Македонија сега има помали шанси да опстане.

Comments are closed.