Светски медиуми објавија дека популарните социјални мрежи favcebook, Instagram, Whatsapp, не функционираат.

Според РТ, Фејсбук во моментов има технички проблеми, а корисниците низ Европа, Малезија и некои делови на САД објавија дека не можат да пристапат кон Фејсбук, Instagram и WhatsApp.

Последниот голем прекин на овие социјални мрежи беше снимен на 14 март оваа година.

Тогаш,неколку часа имаше големи проблеми со Фејсбук, а овој проблем погоди многу корисници ширум светот – во САД, Централна и Јужна Америка и Европа, но исто така и во делови од Азија, повеќето од нив во Јапонија.

Се верува дека ова е најголемиот прекин на работата што некогаш се се случил на оваа социјална мрежа.

SHARE