Пак платежни картички, но сега за самохрани родители и за пензионери со ниски пензии

Самохраните родители и пензионерите со ниски примања, кои не беа опфатени досега, ќе добија платежни картички во рамките на четвртиот пакет мерки против коронакризата.

Ова го најави вицепремиерот за европски прашања Фатмир Битиќи во интервју за емисијата „360 степени“ на Телевизија 24, а парите ќе се обезбедат со ребаланс на буџетот и со прераспределба на финансиските средства од институциите што не ги потрошиле.

Битиќи е уверен дека проектираниот пад на економијата од 4 отсто за оваа година поради последиците од пандемијата на коронавирусот нема да биде поголем, и покрај негативниот раст на бруто општествениот производ од 12,7 проценти во вториот квартал.

SHARE