Пак убиен водачот на Исламска држава, Ал Багдади!?


Абу Бакир ал-Багдади водачот на Исламската држава (ИСИС) е убиен во Сирија, пренесуваат светски агенции.

Ова не е првпат да се појават информации дека шеикот Ал-Багдади е убиен. Пред две години се појавија информации дека тој бил убиен во рацијата во Рака, но тој се појави на нимки во април и септември оваа година.
Се верува дека Багдади се криел во пустината меѓу Ирак и Сирија во 2017 година по падот на Мосул и Рака.

 Овопј пат, се верува дека Багдади е убиен во американска акција во Сирија, пренесе Ројртерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на Твитер напиша: „Нешто големо штотуку се случи“. Портпаролот на Белата куќа Хоган Гидли изјави дека Трамп ќе се обрати во врска со ова  во текот на денот.

Ирачката државна телевизија објави дека ќе емитува снимки од американскиот напад во кој загина лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади.

SHARE