Палевски во Србија чека да биде испорачан на Хрватска


Љупчо Палевски кој на 12 септември беше уапсен во Белград, се уште е во екстрадициски притвор и чека да биде испорачан на Хрватска.

Бизнисменот беше уапсен на белградскиот аеродром, навиодно на пат за Москва, по меѓународна потерница распишана од Хрватска.

„Чекаме конечна одлука за екстрадиција од српските власти за Палевски да се појави пред судот во Хрватска, да ги презентира доказите во негова полза, по што очекуваме обвинението да биде повлечено“, вели неговиот адвокат Васко Стојков кој го посетува притворениот Палевски секои десетина дена, пренесува „360 Степени“.

Засега ниту српските ниту хрватските власти откриваат детали за делото за кое се бара Палевски. Од македонското МВР, на прашање на „360 Степени“ – дали се информирани за кривичното дело што му става на товар на Палевски, одговориле дека за апсењето на Палевски биле известени од Интерпол Белград и дека по меународна потерница бил уапсен за „кривично дело – измама, согласно чл. 293 од Казнениот законик на Република Хрватска.“

Палевски требаше да биде избран за генерален секретар на партијата „Глас за Македонија” на Солза Грчева.

SHARE