„Останаа извесен број членки кои треба да го ратификуваат протоколот за пристапување, вклучувајќи ги и САД. Тоа бара интерна процедура во Сенатот и се надеваме дека се ќе биде завршено до декември.

Доколку тоа не се случи, тогаш ќе одредиме некој друг датум за неколку месеци“, изјави  специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер во интервју за Радиотелевизија Црна Гора, пренесува РСЕ.

Палмер вели дека САД се залагаат за стабилен Западен Балкан интегриран во евоталтанските институции, за разлика од Русија која сака регион заснован врз нереди и недоверба.

„Западен Балкан го гледаме како член на семејството на западни земји, интегрирани во евроатлантските институции, како земји со кои се соработува врз основа на правила и норми. Русите покажаа дека сакаат регион заснован врз нереди и на недоверба. Мислам дека тоа најјасно го видовме во Црна Гора кога Русите го поддржаа државниот удар во 2016 година за да се спречи земјата да влезе во НАТО, рече Палмер според кој „Русите не завршиле со настојувањата да прават проблеми во Црна Гора и на Западен Балкан“.

SHARE