Падна априлски снег на Шапка

Трисетина сантиметри нов снег наврнаа ноќеска на зимско-рекреативниот центар Попова Шапка. Според вработените во сместувачките капацитети, снегот почна да паѓа во неделата околу 20 часот и во текот на ноќта формираше значителна снежна покривка.

-Може да каже дека снегот изненади. Последен пат имаше наврнато во февруари, а во март ниту еден ден немаше нов снег. Сега за кратко време се формираше покривка, а продолжува да паѓа и утринава, изјави Тихомир Ановски од сместувачкиот капацитет „Конак“, за 24 вести.

SHARE