Горан Пандев го постигна единствениот гол за Џенова на домашен терен против Калјари во значајната победа во трката за опстанок во италијанската Серија А.

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија во 43. минута упати прецизен удар надвор од шеснаесетникот во долниот десен агол на голманот Алезио Крањо.

Шестиот гол во 19. настап сезонава во Серија А за 36-годишниот македонски напаѓач ѝ донесе три бода на Џенова, која е на првата позиција од трите за испаѓање со 19 поени, три помалку од Лече.

Погодокот на Пандев е по 52 секунди од почетокот на видеото:

SHARE