Македонскиот активист од САД, Гоце Панговски, објави на Твитер сопствена фотографија од колосеумот во Рим со маичка со натпис Република Македонија на англиски и потоа влезе во војна со аргументи против грчки твитерџии.

„Македонец во колосеумот во Рим

#Macedonia #НикогашСеверна #Македонија #Macedonian #Македонци“, твитна Панговски и се соочи со канонада од реакции од Грци.

На нив тој одговори со низа објавени трудови, написи и карти пред да им порача на опонентите: „Не бидете убедени дека сте постигнале нешто со оваа марионетска влада во Македонија. Таа нема да трае долго, ниту што било од тоа што потпиша или се обиде да направи“.

SHARE