Панки ослободен од грчки затвор!?

Пеачот на ,,Куку Леле”, Сашо Каимовски (52) познат како ,,Панки” е пуштен на слобода од грчкиот затвор дознава 24 Инфо. 

Панки беше уапсен во март годинава на преминот Евзони на пат кон Грција, по европска потерница, а распишана од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години крадела податоци од картички на банкомати.

Тој се сомничи дека, во 2006 година, од два банкомата, во Минхен, Германија, украл податоци и лозинки на кредитни и дебитни картички.