Пановски: Никој со здрав разум не седи со маска на плажа

„Подобро да ги затворат плажите отколку да кажат дека луѓето ќе седат на плажа со маска 3-4 часа на 40 степени. Тоа е мачење. Никој со здрав разум не би го направил тоа, да седи со маска на плажа. Значи, по охридските, а веројатно и по останатите плажи, маски не се носат, бидејќи е тоа невозможно“, вели професор Д-р Никола Пановски според кого проописите за носење маска на плажа се нелогични.

„Моментално сум на плажа во Охрид. Има 600-700 луѓе. Маски носат само келнерите и персоналот. Има два-тројца што ја носат под брада. Никој друг не носи маска“, изјави д-р Пановски за Телма.

SHARE