Пановски: Ништо не е вечно, па ни договорите со Бугарија и со Грција

Македонскиот режисер и сценарист од Њујорк, Наум Пановски, не се согласува дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Преспански договор со Грција се нешто вечно и непроменливо.

„Ништо не е вечно, па ни договорот со Бугарија, ни договорот со Грција. Не беше вечен ни Варшавскиот пакт, кој што се распадна. Не беше вечен ни Третиот рајх. Ние мораме да мислиме во контекст на процеси, на менувања, на позитивни менувања, а не ‘тоа е вечно, тоа е свршена работа’. Нема свршени работи во историјата, ни во цивилизацијата. Ние сè уште ќе се менуваме и сè уште ќе доаѓаме до нови сознанија“, рече Пановски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

„Јас би сакал да се направи договор и со едните, и со другите, но тој треба да биде на рамноправна основа и со заемна почит. Тие договори не почитуваат никого, освен ‘оние’ и нивните лични интереси, кои водат кон дезинтеграција, во еден процес што ја разјадува Европа, ја разградува, а не обединува. Тоа не е патот кон обединувањето. Врз неискрености и лажни истории не се гради иднина, особено не со ревизијата на фашизмот“, заклучи тој.

SHARE