Папа Франциско: Сексот и добрата храна се божествени задоволства

Задоволството од половиот акт со саканата личност или добрата храна се „божествени“, е една од мислиуте на папата Франциско објавени во книгата „TerraFutura“ која содржи изјави на понтифот, објави АФП.

„Задоволството доаѓа директно од Бога. Тоа не е католичко, не е христијанско или нешпто друго, туку божествено “, смета папата..

Според понтифот, црквата отсекогаш го осудувала „нечовечкото, грубо и вулгарно задоволство“, но секогаш ги прифаќало едноставното, човечкото и моралното.

„Претераниот морал“, кој ги негира чувствата, е „неразбирање на христијанската порака“, нагласи папата.

Според него, задоволството од храната служи за одржување на здравјето на луѓето, а сексуалното задоволство ја прави љубовта поубава и служи како гаранција за продолжување на видот. (БГНЕС)

SHARE